Connect with us

Регион

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев

Уставниот суд на Бугарија денеска соопшти дека ја потврдил оставката на претседателот на таа земја, Румен Радев.

Потегот на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми.

Радев поднесе оставка на почетокот на оваа недела поттикнувајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори.

Претседателската функција до крајот на мандатот на Радев, во јануари 2027 година, ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.

Радев минатата недела објави дека Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори откога водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2