Connect with us

Култура

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

Филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска денеска и утре ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стон“. 

Визуелно силниот и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела што менуваат животи ќе го види прилепската публика, која покажа голем интерес. Билетите се веќе распродадени.

„Прказната за Силјан“ постигна голем меѓународен успех и е откупен од „Нешнл џиографик“.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба, се претвора во спасоносна врска, која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Проекциите на филмот се денес и утре од 19 часот.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3