Connect with us

Хроника

Кривична пријава за полицајка од Штип, го информирала брата си дека полицијата ќе демне со дронови

Поднесена е кривична пријава против полицајка од Штип, која го информирала брата си дека полицијата ќе демне со дронови, соопшти Министертвото за внатрешни работи.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В. М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело одавање службена тајна по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В. М., вработена како полицаец приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.7.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број што го користи нејзиниот брат, и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејства за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна, и биле предвидени и преземени по оперативна акција. Со ваквото дејство, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело одавање службена тајна – посочуваат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола против полицајката ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3