Connect with us

Вести

Филипче се жали дека имало организиран медиумски линч врз него, нејасно дали мисли на сликите од Дубаи и јахтите во Грција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави дел од, како што ги нарече, илјада токсични наслови, што според него претставуваат организирана кампања за политички и личен линч, со цел да се дефокусира јавноста од корупциските скандали на актуелната власт.

Филипче истакна дека нападите врз него и партијата се засилиле паралелно со обелоденувањето повеќе скандали, меѓу кои мигранти за пари, спорни тендери и злоупотреби во институциите.

– Видете, вака изгледа секојдневието на СДСМ и моето лично. Вака се будиме, вака заспиваме, вака функционираме. Со ова се бориме секојдневно – невистини, лаги, навреди, хајки, линч. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање – рече Филипче пред да ја претстави галеријата со медиумски објави.

Тој повтори дека, според СДСМ, зад медиумските напади стои медиумскиот октопод на ВМРО и дека со токсична пропаганда се обидува да се прекрие реалната состојба со јавните финансии.

Како особено проблематични ги посочи реакциите или, како што наведе, недостигот од реакции од новинарските здруженија, вклучително и на навредите упатени кон него од страна на новинари и медиуми.

– Оваа количина омраза не може да постои кај независен новинар. Ова може да го каже само лице длабоко поврзано со ВМРО. А додека ние се бориме со лажни вести, во заднина се одвива кражба – изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ рече дека организираните напади се потврда дека партијата се наоѓа на вистинскиот пат најавувајќи дека ќе се обрати до Европската Унија и до меѓународните организации за заштита на слободата на говор.

Во однос на дејствувањето на СДСМ во Собранието, Филипче повтори дека неговата партија останува конструктивна опозиција.

– Ова нема да нè запре. Сега сме посилни затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат – на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи – заврши Филипче. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4