Хроника
Возач потешко повреден откако со автомобилот излетал на сервисната улица кај Гевгелија
Вчера во 18:30 часот М.М. (38) од село Петрово, гевгелиско, управувајќи автомобил „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки излетал од надвор од коловозот на сервисната улица покрај автопатот „Пријателство“ кон Граничниот премин Богородица, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според полициското соопштение, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
јануари 22, 2026


