Регион
Во Давос средба на Вучиќ со Марта Кос
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на „Инстаграм“ дека денеска во Давос имал разговор со европската комесарка за проширување Марта Кос за актуелни теми во односите меѓу Србија и ЕУ.
Вучиќ и Кос разговарале и за реформските обврски и енергетската безбедност.
„Фокусот беше ставен на реформските обврски, зајакнувањето на владеењето на правото и институциите, подобрувањето на инвестициската средина, подобрата поврзаност преку инфраструктурата, како и енергетската безбедност и транзицијата“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.
Тој додаде дека разговарале и за тоа како да се забрза економската конвергенција преку европските инструменти и планот за раст за Западен Балкан и да се отворат дополнителни можности за развој за економијата и младите луѓе.
„Особено истакнав дека е важно Србија да го зачува духот на дијалогот во регионот и во Европа во време на растечки поделби бидејќи тоа е единствениот одржлив начин за решавање на отворените прашања, зачувување на мирот и создавање услови за долгорочен напредок“.
јануари 22, 2026


