Регион
Светска нуклеарна асоцијација/Извештај: До 2042 во Србија се планирани 250 мегавати од нуклеарна електрана
Владите ширум светот поставија задачи што ги надминуваат намерите за тројно зголемување на нуклеарниот капацитет од COP28, наведено е во извештајот на Светската нуклеарна асоцијација презентиран во Давос. Во делот што се однесува на Србија, се истакнува планот до 2042 година да има 250 мегавати нуклеарен капацитет во функција, објави порталот „Неуклеарна перспектива“.
Во делот од извештајот посветен на Србија, е наведено дека се укинува мораториумот на крајот на 2024 година и планот на земјата да ги има првите 250 мегавати нуклеарен капацитет на мрежата до 2042 година, што многу веројатно би значело дека се планира изградба на мал модуларен реактор.
Потоа се планира релативно брзо зголемување на капацитетот, и зголемување на инсталираниот капацитет на 1.200 мегавати до 2049 година, додава порталот.
Во извештајот е наведено и дека во март 2024 година, Србија побарала „помош од земји што имаат знаење во областа на финансирање и изградба на мали модуларни реактори“.
Анализата на националните цели презентирана од Светската нуклеарна агенција покажува дека владите ширум светот поставиле цели кои не само што ја исполнуваат декларацијата на COP28 за тројно зголемување на нуклеарниот капацитет (цел од 1.200 гигавати), туку и значително го надминуваат, со цел – 1.446 гигавати до средината на векот.
Во светот моментно работат околу 440 реактори со вкупен капацитет од 397 гигавати, додека уште 70 реактори се во изградба.
јануари 22, 2026


