Connect with us

Хроника

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Опожарени се две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци, потврдија од Противпожарната служба за МИА, откако утрово избувна пожар. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но за среќа, реагирале навремено. 

– Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со три противпожарни возила и девет пожарникари, соопштија од ТППЕ Кавадарци. 

Пожарот е под контрола, но пожарникарите остануваат на терен за будно да ја следат состојбата

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5