Сервисни информации
Охридското Езеро во добра „кондиција“, водостојот 13 сантиметри над месечниот просек
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,48 метри надморска височина. Тоа е за 13 сантиметри над просекот за јануари утврден на 693,35 метри надморска височина или 38 сантиметри над дозволениот минимум ( 693,1).
Добрата „кондиција“ на водостојот на езерото се должи на значително подобрената севкупна хидролошка ситуација, последица на интензивните врнежи што го зафатија регионот изминатиот период.
Само за последните седум дена водостојот на езерото е пораснат за три сантиметри.
Инаку, минатата година на денешниот датум нивото на водата во езерото се наоѓаше на котата 693,23 метри надморска височина или 12 сантиметри под јануарскиот просек.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата изнесува 5,5 степени и е за 1,3 степени пониска од месечниот просек.
јануари 22, 2026


