Connect with us

Филм

„Нетфликс“ ја засили својата понуда за „Ворнер брос“, натпреварувајќи се со соперничкиот „Парамаунт“

Нетфликс“ (Netflix) ја засили својата понуда за купување на студијата на „Ворнер брос“ (Warner Bros) и платформите на „Ејч-би-о“ (HBO), обидувајќи се да го спречи „Парамаунт“ (Paramount), предводен од извршниот директор на „Скајденс“ (Skydance) – Дејвид Елисон, да го попречи договорот. Стрим-гигантот ја ревидираше својата понуда којашто сега вклучува и целосно плаќање во готово, отстранувајќи една од клучните предности на соперничката понуда на „Парамаунт“.

Имено, иако „Нетфликс“ не ја зголеми својата цена од 27,75 долари по акција, конверзијата на 4,50 долари од компонентата на акциите во готово ја намалува неизвесноста за инвеститорите. Управниот одбор на „Ворнер брос дискавери“ ја одобри ревидираната понуда, а компаниите соопштија дека очекуваат акционерите да гласаат за договорот до април. Со-извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос изјави дека „ревидираниот договор за готовината ќе овозможи забрзан процес на гласање“ и поголема финансиска сигурност за акционерите. Претседателот и извршен директор на „Ворнер брос“, Дејвид Заслав додаде дека компаниите се приближуваат кон „обединување на две од најголемите куќи за раскажување приказни“ во светот, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).

Акциите на „Нетфликс“ паднаа за 13 отсто откако беше објавен договорот и за 28 насто од крајот на октомври.

„Парамаунт“, којшто нуди 30 долари по акција за целиот „Ворнер брос“, вели дека неговата понуда е попривлечна бидејќи вклучува телевизиски мрежи како „Си-ен-ен“, „ТНТ“ и „ХГТВ“, коишто „Нетфликс“ нема намера да ги купи. Елисон досега даде осум понуди, па сите беа одбиени, по што „Парамаунт“ поднесе и тужба.

Клучната разлика меѓу понудите е проценката околу кабелските мрежи. Додека „Парамаунт“ смета дека тие не вредат практично ништо, повеќе аналитичари ги вреднуваат до 3,51 долар по акција. Ревидираната понуда во готово на „Нетфликс“ дополнително ја зацврстува одлуката на „Ворнер“ да го фаворизира тој договор.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5