Фудбал
Киву: Не сум загрижен за поразот од Арсенал, размислувам што понатаму
Тренер на Интер, Кристијан Киву не е премногу засегнат од синоќешниот пораз (1:3) на домашен терен од Арсенал во 7. коло од Лигата на шампионите.
– Не сум загрижен, размислувам што треба да направиме. Знаевме дека оваа сезона во Лигата на шампионите ќе биде тешка. Ги гледам позитивните страни, ставот на играчите, нивниот напор. Знаевме дека Арсенал е добар. Тие имаат вештина, брзина, физичка подготвеност и силни играчи. Кога Интер ги губеше дуелите, тие создаваа шанси. Ние треба да го одржиме вистинскиот менталитет. Секој нов натпревар е нов предизвик, изјави Конте по мечот во Милано.
Арсенал е водечки на табелата во Лигата на шампионите со 21 бод. Интер е на осмото место со 12 бода.
јануари 22, 2026


