Регион
Голоб: Сè уште не е време Словенија да се придружи на така наречениот Комитет за мир
Премиерот Роберт Голоб денеска изјави дека сè уште не е време Словенија, да се придружи на така наречениот Комитет за мир предводен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Голоб загрижен дека мандатот на Комитетот за мир е преширок и оти сериозно може да го поткопа меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на Обединети нации.
– Меѓународниот поредок, во кој ОН имаа централна улога, ѝ служеше на Словенија, на цела Европа и пошироко, со децении да живеевме во мир. Ризикот од распаѓање на поредокот на ОН е она што навистина е најзагрижувачко, посочи Голоб, додавајќи дека во поширок контекст, „таквиот Комитет ги надминува, од една страна, овластувањата што би произлегле од резолуција на Советот за безбедност, а од друга страна, го надминува и она што би го сакале како суверена држава“.
Тој истакна дека Словенија можеби би прифатила соработка во рамките на потесен мандат, кој би го регулирал поствоениот Појас Газа и можеби Западен Брег.
Голоб наведе дека нема да присуствува на утрешното потпишување на основачката повелба на Комитетот за мир во Давос, но оти ќе се сретне со лидерите на другите земји-членки на ЕУ вечерта во Брисел, на која ќе се разговара за Гренланд.
Тој посочи дека Словенија, со распоредувањето на двајца офицери на Гренланд, испратила порака дека го брани основниот принцип на територијален интегритет и неповредливост на границите.
јануари 22, 2026


