Connect with us

Хроника

Две лица се здобиле со тешки повреди при извршување работи, биле примени во болницата во Кавадарци

Две лица се здобиле со тешки повреди при извршување работи, биле примени во болницата во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 9:28 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во Општа болница – Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.Д., на возраст од 29 години од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци во содејство со трудов инспектор, соопштија од СВР – Велес.

Вчера во 9:30 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во Општа болница – Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Н.Т., на возраст од 25 години од село Дабниште, кавадаречко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за јавно претпријатие во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3