Connect with us

Живот

До 2030 година ќе се појават пет нови работни места кои денес не постојат

Иднината на трудот се менува брзо- технологијата, климатските промени и новите стилови на живот создаваат потреба за работни места кои денес изгледаат невозможни. Стручњаците предвидуваат дека до 2030 година ќе се појават работни позиции кои ќе бидат предизвик за компаниите и поединците. Меѓу нив се:

Тренер за вештачка интелигенција-човек кој ќе го учи роботот да размислува и донесува етички одлуки

Дизајнер на виртуелни светови- креатор на функционални и естетски дигитални простори за метаверзумот и „онлајн“ настани.

Советник за дигитално благосостојба- експерт кој помага во балансирање на „онлајн“ и „офлајн“ животот и намалување на дигиталниот стрес.

Менаџер за климатска адаптација- стручњак кој помага компаниите и заедниците да се прилагодат на екстремни временски услови и одржлив развој.

Курир за автономни возила и дронови- надгледува и интервенира при автономни испораки, обезбедувајќи комуникација меѓу технологијата и луѓето.

Доколку идните работници сакаат да ја добијат работата за која аплицираат, ќе мора да поседуваат карактеристики како: способност за учење, прилагодување и користење на дигитални и креативни вештини.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1