Connect with us

Регион

Бегај побарал од Молдавија да го разгледа признавањето на Косово

Албанскиот претседател Бајрам Бегај побарал од својата молдавска колешка, Маја Санду, да го разгледаат признавањето на Косово.

Бегај ѝ го упатил ова барање за време на неговата официјална посета на оваа земја.

„Заедно, како партнери и како пријатели, работиме за посилна и побезбедна Европа и го охрабруваме повторното разгледување на признавањето на Косово“, напиша Бегај по средбата што ја имаше со својата колешка во Молдавија.

Шефот на албанската држава изјави дека имал плодни разговори со претседателката на Молдавија и дека меѓусебната доверба, одржливиот политички дијалог и конструктивната соработка, во служба на заедничките интереси и граѓаните, се во основата на односите меѓу двете земји.

„Во денешното предизвикувачко безбедносно опкружување, проширувањето на Европската Унија останува клучен фактор за стабилност и мир. Целосно го поддржуваме европскиот пат на Молдавија“, напиша Бегај во објава на Фејсбук.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4