Тенис
Алкараз самокритичен: На терен ги гледаш само слабите страни
Карлос Алкараз успеа да оствари нова победа и во второто коло го совлада Германецот Јаник Ханфман. Тој по натпреварот беше искрен и самокритичен.
– Немав чувство дека играм добро. Но, по разговорот со тимот сфатив дека сум играл подобро отколку што мислев. Кога играш ги гледач само лошите работи. Затоа кога се гледа од страна е многу појасно, изјави Шпанецот, кој важи за фаворит за пласман во финалето.
Алкараз притоа напомена и дека и условите во Мелбурн се тешки за игра особено кога е ветровито.
јануари 22, 2026


