Connect with us

Вести

Во Собранието сè уште се комплетира листата на пратеници за работната група за Изборниот законик

До крајот на неделата се очекува Собранието до Министерството за правда да ги испрати предложените имиња од страна на парламентарните партии и независните пратеници, кое треба да формира работна група за нов Изборен законик, кој е дел од реформската агенда. За МИА од Собранието велат дека се очекуваат имињата на претставниците од ДУИ и од ЗНАМ. По двајца претставници досега номинирале владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, Левицата и СДСМ. Во работната група се очекува свои претставници да имаат и независните пратеници. 

По работната средба на министерот за правда, Игор Филков, со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со координаторите на пратеничките групи на 25 декември 2025, Министерството за правда упати официјален допис до законодавниот дом парламентарните партии да номинираат свои претставници за повргу да почнат разговорите за Изборниот законик.   

На средбата на 25 декември лани се разговараше, како што беше соопштено, „за потребата од системско уредување на Изборниот законик“ и дека било договорено Министерството за правда до втората половина на јануари да формира работна група, која ќе пристапи кон подготовка на нов Изборен законик.

– Во работната група ќе бидат вклучени по двајца претставници од парламентарните партии, како и независните пратеници.
Министерот Филков информира дека измени на Изборниот законик беа подготвени од Министерството за правда во јуни 2025 година, во кои беа внесени дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР – се посочуваше во соопштението од Министерството за правда.

Од Министерството за правда потсетуваат дека Изборниот законик од неговото донесување до денес има претрпено 40-ина измени, кои поради нивниот парцијален пристап создадоа неконзистентност во законското решение.

– За носење квалитетен и одржлив Изборен законик е неопходен широк политички консензус од сите политички партии – велат од Правда. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2