Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“ со закани, уцени и притисоци, ЈО веднаш да го истражи случајот
Последните сведоштва во јавноста на д-р Жан Митрев се уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер, кој ја чува фотелјата на „Бихаќска“, Венко Филипче, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално.
Во екот на ковид-пандемијата, кога граѓаните се бореа за живот, Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.
Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја преземат приватната болница „Жан Митрев“.
Заев и Филипче, освен притисокот и уцените, ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.
Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност, што претставува организиран грабеж.
Дополнително, уште пошокантен е фактот, кој, според кажувањата на Жан Митрев, по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.
Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев – Филипче и скандалите, како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.
Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и на Филипче.
Дали вака за СДС изгледа европска Македонија, која ја ветуваат?
Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно некогаш да ја управуваат државата?
Венко Филипче, по сите афери и скандали што се врзуваат со неговото име, нема кредибилитет да биде на политичката сцена.
По вакви скандали, доколку Филипче би имал морал и доблест, веднаш би си поднел оставка.
ЈО да не молчи.
ЈО веднаш да го истражи случајот.
Одговорност и правда мора да има.



