Кошарка
Вембањама: Бев навистина среќен кога слушнав дека ќе бидам стартер на НБА „Ол-стар“ натпреварот
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, ги сподели своите емоции откако беше именуван во почетниот состав на Западната конференција за НБА Ол-стар натпреварот.
– Бев навистина среќен кога слушнав за тоа. Искрено, не мислев дека моето име ќе биде на оваа листа, па затоа беше навистина пријатно изненадување за мене. Секако, ова е само уште еден чекор напред, но особено е убаво да се биде првиот Французин што го постигнал ова. Навистина сум горд на тоа. Ќе се обидам да ги инспирирам нашите врвни играчи да излезат таму со истата желба што ја имам јас да играм. Ќе видиме како ќе оди. Но, ако некој не сака да даде сè од себе, можеби ќе мора да се справиме без него, изјави Вембањама за „BasketNews“.
Дваесет и двегодишниот Французин стана шестиот играч во историјата на Сан Антонио кој е избран како стартер за Ол-стар натпреварот. Тој им се придружи на клупските легенди Џорџ Гервин, Алвин Робертсон, Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Кавај Ленард.
јануари 21, 2026


