Connect with us

Општини

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро, денеска со капење во езерските води ја продолжи традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото и на тој начин да го одбележат почеткот на риболовната сезона.

Богојавленските празници во Охрид се меѓу најпочитуваните денови од православниот календар. И оваа година охриѓани се собраа на Сараиште и со песна, топла ракија и пржени плашици да го прослават празникот Собор на свети Јовен Крстител, кај народот познат и како Денот на рибарите, како потсетување на традицијата на капење на рибарите на тој ден кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на стопански риболов.

Со оглед на забраната за риболов во поново време, Денот на рибарите се одбележува со капење на православните верници од градот, секогаш предводени од тајфата на оној што ќе го фати чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа беше дружината на Мартин Гоџо.

Градоначалниот на Охрид, Кирил Пецаков, во оваа пригода истакна дека Охрид живее од и за традицијата, настан што го одржува духот на градот низ вековите.

– Овој настан го организираме заедно со Дебарско-кичевската епархија, заедно со граѓаните сакаме да го организираме како традиција, како и централниот настан Богојавление да биде секоја година настан што ќе донесе уште повеќе гости во градот – рече Пецаков.

Денот на рибарите во Охрид е една од најкарактеристичните манифестации што се одржуваат на богојавленските празници како датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.

Славењето на свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на тој ден кога се означува крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Во поново време на овој ден се одбележува почетокот на изловот на пастрмката за нејзино измолзување и вештачки мрест. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3