Connect with us

Сервисни информации

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот.

Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта.

Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.

  • Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот – велат од ЈП „Македонијапат“.

Апелираат возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1