Скопје
ЈП Комунална хигиена – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини
ЈП Комунална хигиена спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие.

Активности за расчистување на снегот и мразот биле реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија.
-Екипите на Претпријатието го расчистуваа реонот и околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Спроведени се и активности за фрлање сол на пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и на сите пешачки мостови, се вели во денешното соопштение.

ЈП Комунална хигиена-Скопје, најавуваат оттаму, ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот во текот на денов и претстојната ноќ, во согласност со состојбата на терен.
јануари 21, 2026


