Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. 

Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб. 

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: 

Снегот не е изненадување во зима  – подготвеноста е наша обврска!

Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. 

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.

Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. 

Затоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3