Свет
Бока: Владата на Унгарија почна систематска ревизија на овластувањата на ЕУ
Владата на Унгарија почна систематска ревизија на овластувањата на Европската Унија, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во Будимпешта.
Тој истакна дека проверката е неопходно поради „тајното проширување“ на ингеренциите на ЕУ во области како што се економската политика, енергетиката, миграцијата, владеењето на правото, образованието, културата и семејната политика.
Бока наведе дека ЕУ е изградена врз принципот земјите-членки сами да одлучуваат во кои области сакаат да соработуваат преку заедничките институции.
– Кога на земјите-членки им се одзема одлучувањето, националниот суверенитет е сериозно поткопан, потенцира Бока.
Според него, ЕУ сè повеќе се пробива во области како што се образованието, културата и семејната политика и оти сегашните заштитни мерки не функционираат ефикасно, поради што се потребни нови решенија и алатки.
– Целта на ревизијата е да се открие токму ова тајно проширување на овластувањата на ЕУ … Анализата ќе се обиде да објасни зошто постојните механизми на ЕУ за заштита на овластувањата на земјите-членки не функционираат во пракса, посочи Бока.
јануари 21, 2026


