Connect with us

Општини

Во Вардар во Велес крстот го фати 23 – годишниот Стојан Илчевски

Од околу 100 верници кои денеска влегоа во ладните осветени води на Вардар во Велес  крстот го фати 23- годишниот Стојан Илчевски. Тој во водите на Вардар од под Мало Мовче влезе со неговиот брат. Стојан четврти пат влегува на празникот Водици во Вардар, ама првпат го фаќа осветениот крст.

Илчевски, кој е хемиски техничар, е невработен. На сите православни верници им посака здравје и среќа.Тој во наредните 30 дена со осветениот крст и иконата  Богојавление Водици за здравје ќе ги посети домовите на православните верници во градот.

Стојан Илчевски доби на подарок од Повардарската Епахија златно крвче и Свето писмо, како и подароци и парични ваучери од Општина Велес, ЈПК „Дервен“ ЈПВ„Лисиче“ „Зегин“ и многу други спонзори како и икона со Богојавение Водици од иконописецот Велко Свеќаров. Доби и подарок од годинашниот кум на манифестацијата, пратеникот и бизнисмен Александар Јамалов со семејството.

По повод празникот Богојавление-Водици, утрово во црквата „Свети Спас“ се служеше Света божествена  литургија, по што имаше литија од црквата до Мало Мовче на Вардар каде беа осветени водите на Вардар

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4