Фудбал
Победничката серија на Барселона заврши во Сан Себастијан
Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2-1 на домашен терен во последниот натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, во неделата.
За Барселона ова беше прв пораз по серијата победи на последните единаесет дуели, во сите натпреварувања.
Реал Сосиедад поведе во 32. минута со голот на Ојарзабал постигна гол за 1-0. Пред водечкиот гол, Барселона постигнаа два гола, преку Фермин Лопез и Ламин Јамал, но беа поништени поради прекршок во нападот и офсајд.
Барселона се обиде да се врати резултатски во игра и дојде до израмнување во 70 минута кога Рашфорд постигна гол за 1-1, но само една минута подоцна Гуедес беше прецизен за 2-1 и голема победа на Реал Сосиедад.
Барселона остана на првото место во Ла Лига, но сега е само бод пред Реал Мадрид на второто место.
јануари 19, 2026


