Општини
Мартин Гоџо го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро
Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот Крст.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив.
Мартин Гоџо пак беше најсреќен на денешното Богојавление и успеа да го фати светиот крст во Охридското езеро.
Со ова традиционално положување на крстот, Мартин се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција.
Ова е третпат 29-годишниот Гоџо да го фати крстот, кој смета дека негов бил благодетот тој да биде најсреќниот денеска.
Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно прочистување.
Честитки до Мартин Гоџо, кој и годинава успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води, порача претседателката од Охрид.
Таа на Мартин Гоџо, кој го фати крстот во Охрид му подари Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19 век., упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.
јануари 19, 2026


