Connect with us

Регион

Почна производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево, објави српската министерка за енергетика

Производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево почна денеска, а првиот евродизел ќе биде на пумпите од 27 јануари, објави министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

„По пауза од речиси два месеца, производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево започна денеска! Речиси 2.000 вработени работат на производството, а евродизелот ќе биде достапен на пумпите од 27 јануари“, објави Ѓедовиќ Хандановиќ на социјални мрежи.

Таа истакна дека е горда на фактот што ветувањето дадено на граѓаните е исполнето. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4