Connect with us

Свет

Мусави: Иранската револуционерна гарда е во целосна готовност со зголемени ракетни резерви

Иранските ракетни резерви се зголемени од минатогодишната 12-дневна војна со Израел, изјави вчера Маџид Мусави, командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда, во услови на закани за интервенција од американскиот претседател Доналд Трамп и антивладини протести во Иран, објавија британските медиуми повикувајќи се на иранските државни медиуми.

„Во целосна готовност сме“, рече Мусави додавајќи дека штетите од војната се поправени и дека производството на воздухопловните сили на Револуционерната гарда во разни области се зголемило во споредба со нивоата пред јуни 2025 година.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3