Свет
Москва упати протестна нота до полскиот амбасадор поради приведувањето руски археолог
Русија му врачи протестна нота на полскиот амбасадор Кшиштоф Крајевски поради приведувањето на рускиот археолог Александар Бутјагин по барање на Киев, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Полските власти го уапсија Бутјагин минатиот месец. Украина го обвинува археологот за вршење незаконски ископувања и за кражба на историски вредности на полуостровот Крим.
Официјална Москва ги оцени обвинувањата против Бутјагин како апсурдни и побара негово итно ослободување.
јануари 14, 2026


