Connect with us

Регион

Абдуџику: За претседател на Косово треба да се избере обединувачка фигура

Лидерот на централнодесничарската Демократска лига на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику, синоќа изјави дека за шеф на државата треба да се избере обединувачка фигура за што е потребен политички консензус.

Тој додаде дека неговата партија нема да поддржи ниеден кандидат за претседател, без политички договор.

Мандатот на актуелната претседателка на Косово, Вјоса Османи, истекува на 7 април. Изборот за нејзин наследник треба да се одржи 30 дена пред истекот на нејзиниот мандат.

– Едностраните кандидатури на партиите не носат консензус. Недостигот на политички договор меѓу парламентарните структури и наметнувањето одделни имиња не носи никаков друг резултат, освен институционална криза. Изборот на претседател не може да се спроведе со логиката на сила, туку само со логиката на консензус. Во оваа фаза Косово не може да си дозволи луксуз да влезе во криза поради кое било конкретно име. На земјата ѝ се потребни институционална стабилност, нормално функционирање на институциите и политички мир за да се справи со внатрешните и надворешните предизвици, наведе Абдиџику.

ЛДК беше во опозиција во парламентот од 2021 до 2025 година. Османи беше заменик-лидер на ЛДК до 2020 година, но потоа беше отстранета од партијата и основа своја политичка партија Гуџо.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2