Connect with us

Скопје

Ќе се градат 10 нови детски катчиња во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска почна со изградба на првото од вкупно 10 нови детски катчиња, кои ќе се реализираат во целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во селото Драчево.

Како што информираат од локалната самоуправа, на гумирана подлога, која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогана и мрежа за качување. Просторот ќе биде осветлен овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.

– Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место на кое може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1