Фудбал
Кансело потпишува договор со Барселона
Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело ќе потпише договор со Барселона. 31-годишниот фудбалер ги мина лекарските прегледи и се очекува утре да потпише договор и да биде претставен како нов играч на „каталонскиот клуб“.
Ова всушност е негово „враќање“ во Барселона откако во сезоната 2023/24 настапуваше во Барселона како позајмен играч. Во Барселона тој доаѓа од Ал Хилал.
Во својата кариера португалскиот репрезентативец има настапувано за Бенфика, Валенсија, Интер, Јувентус, Манчестер Сити и Баерн.
јануари 13, 2026


