Connect with us

Фудбал

Барселона го победи Реал и го освои шпанскиот Суперкуп по 16. пат

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 вечерва во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.

Рафиња постигна два гола за Каталонците, Роберт Левандовски додаде уште еден. Винисиус и Гонзало Гарсија постигнаа голови за „Кралевите“.

Барселона го заврши натпреварот со десет играчи, откако Френки де Јонг доби директен црвен картон во 90+1 минута за груб старт врз Килијан Мбапе.

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија по втор пат по ред и 16-ти во својата историја. Каталонскиот тим го држи рекордот во ова натпреварување, Реал Мадрид е на второто место со 13 трофеи.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4