Connect with us

Сервисни информации

Снежна покривка до половина метар, Голо Брдо без електрична енергија

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија.

– Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече за МИА, Едмонд Османи, од село Требиште, потпретседател на македонската партија, МАЕИ. 

И албанските медиуми објавуваат дека во областа има дебела снежна покривка и оти жителите се без струја. Според Топ чанел дебелината на снежната покривка на места достигнува и половина метар. 

Засега според Османи жителите немаат недостиг од прехранбени артикли и лекарства, зашто ” навреме се снабдиле”.

Поради снежни врнежи и непроодни патишта,  жителите од областа, не ретко, при итни случаи за лекарска помош се јавуваат во Општата болница со проширена дејност во Дебар. Тоа бидејќи Дебар е многу поблиску од најблискиот град Булќиза.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4