Сервисни информации
Патот кон Бањиче расчистен, граѓаните да внимаваат поради опасност од нови одрони
Општина Тетово соопшти дека патот кон месноста Бањиче е расчистен, но потенцира дека како последица на обилните врнежи од дожд, сè уште постои опасност од одрони на земја и камења на одредени места.
-Апелираме до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони“, соопшти Општина Тетово.
До свлечиште на земја и одронување на делови од карпи и големи камења дојде пред три дена откако претходно имаше интензивни врнежи од дожд.
јануари 11, 2026


