Фудбал
Нигерија го победи Алжир и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации
Нигерија го победи Алжир со 2:0 вечерва во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.
Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го отвори резултатот во 47. минута. Фудбалерот на Севилја, Акор Адамс, го постави конечниот резултат во 57. минута.
Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, каде што ќе се соочи со Мароко.
Вечерва играат Египет и Брегот на Слоновата Коска во последниот четвртфинален дуел на турнирот. Победникот во полуфиналето оди на меч со Сенегал.
јануари 11, 2026


