Connect with us

Скопје

Активиран Кризниот штаб на Кисела Вода за справување со зимските услови

Aктивиран e Кризниот штаб на Општина Кисела Вода за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби.

Како што информира Општината, во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура.

Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Припор и Теферич каде поради теренската конфигурација постои поголем ризик од замрзнување на коловозите и наталожување на снег.

Механизацијата и екипите се постојано на терен, со јасна задача да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

-Остануваме посветени на грижата за своите жители, реагирајќи одговорно и професионално во сите временски услови. Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на препораките, додека општинските служби и понатаму ќе бидат активно присутни на терен. За сите вакви и слични проблеми, граѓанаите можат да се јават на телефонскиот број 075/428-262, информира Општина Кисела Вода.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5