Хроника
Запалено возило во Велес, пожарот изгаснат од случаен минувач
Во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, синоќа во 20:15 часот, била примена дојава за запалено патничко моторно возило кај манастирчето на Штипско петле, на еден од влезовите и излезите од градот.
По пријавата, екипа од ТППЕ Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. По пристигнувањето било констатирано дека пожарот веќе бил изгаснат од случаен минувач со противпожарен апарат.
– По пристигнување на лице место од наша страна не е интервенирано, а благодарение на присебноста на случаен минувач пожарот е изгаснат со противпожарен апарат, информираат денеска од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
јануари 10, 2026


