Connect with us

Свет

Во Мексико убиен новинар

Во мексиканскиот град Поса Рика вчера е убиен новинар од сојузната држава Веракруз, соопштија денеска локалните власти.

Државната комисија за заштита и поддршка на новинарите соопшти дека го осудува убиството и повика на темелна истрага. Комисијата, согласно законот, го објави само името на убиениот новинар, но локалните медиум објавија дека загинатиот е Карлос Кастро, директор на порталот „Кодиго Норте Веракруз“, кој пишувал и за други регионални медиуми.

Кастро, кој неодамна се вратил во Поса Рика откако неколку месеци поминал надвор од Веракруз поради добиени закани. Тој вчера беше застрелан во ресторан.

Кастро е првиот убиен новинар во 2026 година во Мексико, една од најопасните држави за новинарите. Во Мексико минатата година беа убиени шест новинари и медиумски работници. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2