Connect with us

Забава

Трогателната приказна: Препатувала пола свет за куче видено на интернет

Патувањата обично се планираат за одмор и релаксација, но за Час едно заминување во странство се претворило во вистинска спасувачка мисија. Неколку месеци претходно, додека престојувала надвор од земјата, на платформата Петфајндер (Petfinder) забележала оглас за куче кое веднаш ѝ го освоило срцето. Но и покрај бројните административни и логистички пречки, Час донела цврста одлука- да му обезбеди дом. Целиот процес, како и првата средба со новиот миленик, ги документирала во емотивно видео објавено на Инстаграм профил, кое брзо го привлече вниманието на јавноста. На снимката е прикажан моментот кога таа конечно се среќава со кучето необична мешанка која, според изгледот, потсетува на „оживеан пуфкаст облак“.Станува збор за ретка мешавина од далматинец и англиски овчар, со впечатливо сино око.

Ваквата приказна дава порака дека љубовта кон животните не познава граници и дека понекогаш вреди да се помине низ вистински „кошмар“ за да се спаси еден живот. Час и нејзиниот партнер не криеле колку биле возбудени одејќи кон прифатилиштето, а средбата со седуммесечното кутре била исклучително емотивна- веднаш им скокнало во прегратка. Но и покрај тоа што парот имал многу тешшкотии за вдомување на „пуфкастиот облак“, не се откажале. Кученцето ги добило потребните ветеринарни прегледи, како и согласност од страна на здружение за заштита на животни од Лас Вегас.  

По пристигнувањето на Флорида, рунтавиот миленик, својот нов живот го започнал со посета на продавница за миленици, каде што кутрето си избрало нови играчки, каишче и огрлица.

Во моментот кога видеото достигна голема гледаност собирајќи повеќе од 24.000 допаѓања, кучето сè уште немало име. Но трчајќи по омилената топка, го добило името Нага. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2