Connect with us

Хроника

СВР Штип со апел граѓаните да бидат внимателни, бидејќи има измами и обиди за измами

СВР Штип денеска  упати апел до граѓаните кои живеат на подрачјето кое го покрива СВР Штип да бидат внимателни, бидејќи има измами и обиди за измами.

Во пишаното соопштение од СВР Штип се наведува дека во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“, во случаи кога непознати лица од странски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци, деца и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства, со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот.

СВР Штип ги известува граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.

Инаку, изминатите два дена во СВР Штип се пријавени две вакви измами во Штип и Виница, каде што лажен лекар успеал да измами двајца повозрасни граѓани, а вкупната сума е речиси 20.000 евра. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1