Connect with us

Фудбал

Сенегал прв полуфиналист на Африканскиот Куп на нации

Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0.

Голот за пласман во полуфиналето го постигна Илиман Ндијаје во 27. минута.

Репрезентацијата на Мали во второто полувреме беше со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Ив Бисума.

Во полуфиналето, Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1