Свет
Петмина ослободени Шпанци од затворите во Венецуела пристигнаа во Мадрид
Четворица активисти за човекови права со двојно државјанство (на Венецуела и на Шпанија) и еден Шпанец, кои беа ослободени од венецуелските затвори, денеска пристигнаа во Мадрид.
Шпанија нивното ослободување го оцени како „позитивен чекор“
Тие се ослободени откако беше уапсен претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела го оцени како „потрага по мир“.
Адвокатот и експерт за безбедност и венецуелската армија Сан Мигуел беше уапсен во февруари 2024 година на меѓународниот аеродром Маикветиа, во близина на Каракас.
Додека Андрес Мартинез Адасме и Хозе Марија Басоа, двајцата од Баскија беа уапсени во септември 2024 година под обвинение дека се припадници на шпанската разузнавачка служба и оти планирале да го убијат Мадуро. Владата на Шпанија повеќе пати негираше.
Ослободени се и Ернесто Горбе и Мигуел Морено.
јануари 10, 2026


