Регион
НИС договори увоз на нафта преку ЈАНАФ, испорака на првите количини во текот на следната недела
Нафтена индустрија Србија (НИС) склучи договор за увоз на првите количини нафта преку Јадрански нафтовод (ЈАНАФ) за потребите на рафинеријата во Панчево, што ќе овозможи продолжување на производството.
Се очекува првите количини нафта да бидат доставени до рафинеријата во Панчево во текот на следната недела, додека компанијата планира да увезе дополнителни количини сурова нафта.
НИС потсети дека на почетокот на декември лани, работата на производствените капацитети во рафинеријата за нафта во Панчево беше прекината, поради недостиг на нафта за преработка, што се случи како резултат на санкциите што ги воведе Министерството за финансии на САД врз компанијата НИС.
Со посебна лиценца издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД на 31 декември 2025 година, на компанијата НИС повторно и беше овозможено да извршува оперативни активности што завршуваат на 23 јануари оваа година, вклучително и рестартирање на преработката во рафинеријата, увоз на сурова нафта, како и извршување трансакции потребни за безбедност на снабдувањето и техничко одржување.
јануари 10, 2026


