Фудбал
Натпреварот Сент Паули – Лајпциг одложен поради снег, неизвесни уште два дуели
Натпреварот од Бундеслигата меѓу Сент Паули и Лајпциг, кој требаше да се игра в сабота, е одложен поради обилен снег и мраз на теренот на стадионот во Хамбург, соопшти денеска Германската фудбалска лига.
Германија е погодена од обилни снежни врнежи и температури под нулата во последните денови, кои се очекува да продолжат и во текот на викендот. Фудбалската сезона во Германија продолжува овој викенд, откако заврши тринеделната зимска пауза.
„Одговорните лица на стадионот Милернтор го затворија објектот по консултација со локалните власти. Ова се должи на обилните снежни врнежи и мраз низ целиот стадион и поврзаните безбедносни ризици за сите учесници на денот на натпреварот, како и критичната општа ситуација во Хамбург. Наскоро ќе биде објавен нов датум за натпреварот“, соопшти Бундеслигата.
Под знак прашалник е одигрувањето и на дуелите Унион Берлин – Мајнц 05 и Вердер Бремен – Хофенхајм



