Connect with us

Сервисни информации

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег

До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во Гевгелија и Тополчани, пак, измерени се 3 литри на метар квадратен, во Крива Паланка, Виница, Велес, Берово и Кавадарци по 2, додека најмалку врнежи, по 1 литар на метар квадратен се регистрирани во Штип и Демир Капија.Снежната покривка во Тетово до 16 часот била два сантиметра.

Највисока дневна температура денеска е измерена во Демир Капија и Прилеп, 8 степени, додека минимални 2 степена се регистрирани на Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево.

УХМР најавува дека поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3