Connect with us

Фудбал

Мартинели се извини за непромислениот потег

Дерби дуелите секогаш имаат тензии, а така беше синоќа и на дуелот меѓу Арсенал – Ливерпул. Во еден момент настана турканица, а судијата Ентони Тејлор мораше да подели и неколку жолти картон.

Во целата мешаница играчот на Арсенал Габриел Мартинели беше иницијаторот, откако бекот на Ливерпул Конор Бредли се повреди и остана во теренот крај аут линијата. Мартинели прво со топката го удри противничкиот играч, а потоа се обиде и да го истурка надвор од теренот.

Тие потези предизвикаа негативни реакции во јавноста кон Мартинели. Сепак Бразилецот му се извинил на противникот.

–  Јас и Конор разменивме пораки, јас се извинив. Во првиот момент не забележав дека е сериозно повреден и навистина жалам што реагирав така. Едноставно на Конор му посакувам се најдобро и брзо закрепнување, напиша Мартинели на својот профил на Инстаграм.

Повредата на Бредли беше во судиското надополнување на вториот дел при резултат 0:0 како и што заврши дуелот, што беше причина и за нервозната реакција

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5