Connect with us

Фудбал

Македонија во топ 50 светски извозници на фудбалери

Македонија е меѓу Топ 50. светски извозници на фудбалери во последните пет години, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС).
Овој статистички завод, со седиште во Швајцарија, го анализираше периодот од 2020 до 2025 година.
Во тој период, вкупно 182 фудбалери родени во Северна Македонија играле во странство, од кои 180 во европските земји.
Според податоците на ЦИЕС, Северна Македонија се наоѓа на 49. место според бројот на домашни фудбалери кои настапувале надвор од границите на државата од 2020 до 2025, а на 39. место според бројот на фудбалери кои изминатите пет години настапувале во европски клубови. Споредено со другите европските земји, Северна Македонија се наоѓа на 30. место според бројот на извезени фудбалери.
Во апсолутни бројки, Бразил е најголем светски извозник на фудбалери, со бројка од 3.020 во последните пет години.
По Бразил следуваат Франција (2.293 фудбалери), Аргентина (2.171), Англија (1.151), Шпанија (1.106), Германија (1.095), Колумбија (1.077), Нигерија (926), Србија (915) и Хрватска (855). 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4