Connect with us

Забава

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: Над еден милион луѓе на листа на чекање

На Саемот за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас годинава музиката не беше само нешто што се слуша, туку и нешто што се вкусува. Компанијата Лолипоп Стар (Lollipop Star) презентираше необичен новитет- лижавче што пушта музика додека се лиже или гризе, а содржи песни од изведувачи како  Ајс Спајс и Ејкон

-„Лолипоп Стар“ е лижавче со вградена музика. Тоа не е само слатко задоволство, туку и носител на звук. Со помош на коскената спроводливост, корисникот може да слуша музика додека го лиже, изјави Сен Цаи, главен маркетинг директор на компанијата.

Според Весли Мур од Њу Џерси, долгогодишен посетител на саемот, овој изум е навистина неверојатен, и тој, и покрај годините ужива додека го користи. 

Музичките лижавчиња ќе се продаваат по цена од 8,99 долари, а продажбата ќе започне по завршувањето на Саемот. Според организаторите, интересот веќе е исклучително голем, повеќе од еден милион луѓе се пријавиле на листата на чекање, со желба да ја вкусат иднината во музиката

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1